
Посебно тело ќе истражува зошто пропаѓа еден од најмодерните системи за водоснабдување и наводнување во источна Македонија, информира Телма.
Петта година од хидросистемот Злетовица вода за пиење добиваат само Свети Николе и Пробиштип, додека најголемата општина Штип не ја прифаќа водата.
Градоначалникот на Штип вели дека во рок од 30 дена треба да се дадат конретни заклучоци за неприфаќањето на водата од Злетовица, која може и да ги намали и сметките на граѓаните.
Штип со кредит од јапонска Џајка ја реконструираше филтер станицата. Но, во измниатиот период не се користеше водата од Злетовица, токму поради нејзиниот квалитет.
Во моментов Злетовица го одржува државата, за него секоја година од буџетот се издвојуваат од пет до осум милиони денари. Директорот на Злетовица, Тодорче Николовски забележува дека немаат пари за сервисирање и одржување на системот, а Пробиштип и Свети Николе веќе пет години им должат пари за испорачаната вода.
Свети Николе се долг од од 16 милиони, а Пробиштип од над шест милиони денари.
Во меѓувреме Штип бара од регулаторната комисија и намалување на цената на водата за пет проценти од наредната година.