ВМРО-ДПМНЕ бара итно пуштање на слобода на сите приведени за настаните во Собранието на 27-ми април. Од партијата најавија протест пред Министерството за правда во 18 часот и наведуваат дека нема да отстапат додека нивното барање не биде исполнето.

„Судството подлегна на притисоците на хунтата и со тоа е активен соучесник во политичката хајка против секој кој не е СДС. На удар е секој еден граѓанин на оваа држава, кој нема да се согласи со политиките на хунтата. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ крева глас против неправдата и незаконието.
ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, се работи за политички прогон и монтирање на обвиненија за тероризам против луѓе кои не направиле прекршок и не знаат што е оружје.
„Се притвораат уметници, актери, режисери, архитекти, припадници на полицијата, се притвораат луѓе кои дале и даваат свој придонес за општеството, само затоа што не се согласуваат со политиките на СДС. Хунтата на власт ја има заробено целата држава. Правосудните органи како репрезент на 3-та власт не се повеќе независни во своите одлуки“, велат од опозицијата.
Додаваат дека судовите не одлучуваат согласно закон, туку по диктат.