Аеродромот во Брисел привремено затворен поради обилен снег

од desk2
62 прегледи

Аеродромот во Брисел денеска е затворен поради обилни врнежи од снег. За сега нема ниту полетувања ниту слетувања, соопштија аеродромските власти. Се очекува летовите да продолжат по чистењето на пистите и пероните.

Од вчера во Белгија паѓа силен снег поради што доцнеа многу летови. Утринава полетувањето на многу авиони беше одложено, а слетувањата беа пренасочени на други аеродроми.

Службите за одржување на патиштата соопштија дека денеска е постигнат нов рекорд на застој во земјата – над илјада километри. Иако снежната покривка е околу два сантиметра и се топи, сепак, патните служби не успеваат да се справат со состојбата.