Вртоглаво паѓаат цените на становите во Аеродром, во Центар поскапи за 50 евра од квадрат

од desk2
77 прегледи

Драстични разлики во движењето на цените на становите има во изминативе две години и во зависност од општината некаде има драстичен пораст, а некаде е регистриран значителен пад на цената на снабениот квадрат, пренесе Емагазин.

Според податците на Катастарот, во 2015 година просечната цена на становите во скопската општина Центар била 58.861 денар за квадрат, а во второто тримесечје од годинава просечната цена по која се продавале становите во оваа општина изнесувала 61.255 денари за квадрат.

Од друга страна, во скопската општина Аеродром во 2015 просечната цена за станбен квадрат изнесувала 58.795 денари, а годинава становите во оваа општина се продаваат по просечна цена од 50.132 денари за квадрат.

Намалување на просечната цена во изминативе две години има и во скопската општина Карпош каде што во 2015 година станбениот квадрат во просек чинел 55.045 денари, а сега чини 54.671 денар.

Детален преглед на просечните цени во 2015 година ТУКА.

Детален преглед на просечните цени во 2017 година ТУКА.