ВМРО-ДПМНЕ со блокади на крстосници и денеска ќе бара ослободување на притворените

од desk2
90 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска бара безусловно запирање на сите процеси на, како што велат политичкиот прогон и итно пуштање на слобода на сите лица опфатени со него.

Овие барања од партијата ги наведуваат со нивното соопштение за блокирање на крстосници денес од 15 до 17 часот.

Најавуваат блокирање на крстосниците кај Мавровка, помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош иа кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Во 18 часот, пак, опозицијата ќе организира и протест пред Министерството за правда.