Владата вечерва ја одржа 42.седница – ова се сите донесени одлуки

од desk4
99 прегледи

Владата на 42. седница ги усвои Дополнетиот предлог на буџетот за 2018 година и мерки од Планот за економски раст и ги задолжи министрите, замениците, државните секретари и владиниот генерален секретар да достават информации за службените трошоци направени во првите шест месец.

На денешната редовна седница Владата н го усвои дополнетиот предлог на буџетот за 2018 година со прифатените амандани од комисиската расправа во Собранието на Република Македонија. Министерот за финансии ги информирал членовите на Владата дека во дополнетиот предлог Буџет за 2018 направени се зголемувања на финансиски средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, блок дотации за градинки, основни и средни училишта, културни установи на регионално ниво со зголемување од 200 милиони денари, во Фондот за здравство од 100 милиони денари и во Инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари. Буџетот за 2018 година веднаш по усвојувањето е пуштен до Собранието на Република Македонија на усвојување.

Владата усвоила и информација со која се изедначуваат условите за инвестирање на домашните и странските инвеститори и ќе важи еднакво за сите инвеститори во ТИРЗ зоните и надвор од нив. Станува збор за информација која што се усвои за  потребата од донесување на Мерки на индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија, во рамките на Планот за економски раст.  Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев истакнал дека станува збор за активности во рамк на „Планот за економски раст“ на кој Владата неколку месеци работеше во консултација и низ дебата со сите економски чинители во општеството. Кабинетот на заменик претседателот за економски прашања и координација на економски ресори е задолжен да формира Работна група за подготовка на закон со кој системски ќе се уредат прашањата за начинот и постапката за реализација на мерките за индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија.

На 42-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за статусот на реализацијата на листата на акти и материјали коишто министерствата се обврзаа да ги објават на своите веб страни. Дополнително Владата донесе одлука со која се наложува веднаш и во целост да бидат објавени овие информации од страна на министерствата и државните институции кои до сега не ја завршиле својата законска обврска. Во согласност со начелото на Владата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства на денешната седница се донесе одлука со која се задолжија министрите, замениците на министри, државните секретари и генералниот секретар да достават информации за службените трошоци направени во рамките на предвидениот буџет во првите шест месеци од преземањето на функциите. Праксата да се доставуваат службените трошоци во блиска иднина ќе се однесува и на сите други носители на јавни функции. Со оваа одлука Владата го задолжи Секторот за односи со јавност да изработи софтверско решение за прикажување и визуализација на службените трошоци и истото да го постави на официјалниот сајт на Владa на Република Македонија, се вели во соопштението од Владата.

На седницата Владата ја разгледала и усвоила информацијата за начинот на кој ќе се објавуваат јавно склучените договори за јавни набавки. Во оваа насока е задолжено Бирото за јавни набавки веднаш да го надгради Електронскиот систем за јавни набавки со функционалност за прикачување на договорите кои подлежат на известување на склучен договор со додавање на задолжително поле за прикачување на склучениот договор. Истовремено Владата им препорачува на државните договорни органи, единиците на локална самоуправа, јавните претпријатија, јавно – приватни субјекти основани од Владата на Република Македонија и трговски друштва во сопственост на Република Македонија да ги објавуваат договорите за јавни набавки на Електронскиот систем за јавни набавки.

Владата донесе и одлука да одвои шест милиони денари финансиска помош за настраданите граѓани во соседна Република Албанија во поплавите кои се случија заедно со дополнителна хуманитарна помош.

На предлог на Министерството за здравство на денешната седница министрите ја разгледаа и усвоија информацијата за бесплатна вакцинација за грип за пензионерите со просечна пензија и пензија пониска од просечната и за лица над 60 годишна возраст кои не се приматели на пензија.

Слични содржини