Денис Родман: Знам што сака Северна Кореја

од desk2
73 прегледи

 

Денис Родман, познатиот американски кошаркар, тврди дека знае што сака претседателот на Северна Кореја од САД, но дека тоа ќе го каже само на американскиот претседател Доналд Трамп.

По „одличната недела на хуманитарна работа во Гуам и во Токио“, Родман во понеделникот во Пекинг изјави дека и понатаму ќе придонесува за примирје меѓу Трамп и „Маршалот“.

„Од првиот ден му велам на Трамп „дојди да разговараме… најдобро ќе ти кажам што сака маршалот“, вели Родман за Гардијан.

На новинарско прашање што е тоа Родман вели дека тоа ќе му го каже на Трамп кога ќе го види.

За сега се претпоставува дека станува збор за кошаркарски натпревар, со оглед на тоа што во друго интервју Родман изрази желба за егзибиционистички натпревар меѓу Северна Кореја и САД на територија на Гуам, пренесе Лос Анџелес Тајмс.

„Луѓето од Гуам тоа едвај го чекаат. Многу би им се допаднало“, вели тој.

Родман во 2013 година ја посети Северна Кореја неколкупати. Познатиот кошаркар и Ким Јонг Ун наводно ги зближила љубовта кон кошарката.