Јога против ангина

од desk4
175 прегледи

Ако сте се обиделе со сите можни методи за лекување на ангина и ништо не помага, ние ви нудиме еден многу стар вековен метод.

Позицијата на лавот или асана од јогата ви ја нудиме за лекување на ангина. Таа помага да се зголеми имунитетот, се бори со различните болести на грлото и горните дишни патишта, а притоа го отстранува и непријатниот здив на устата. Направете ја оваа асана поза еднаш на ден и резултатот ќе се види за неколку дена.

Пред да пристапите кон вежбата, внимателно исчистете грлото со раствор од сода бикарбона, сол и јод (1 лажичка сода, 1 лажичка сол и 3 капки јод се мешаат во чаша со топла вода). Направете гаргара со мешавината.

Вежбањето се изведува на гладен стомак, и ако се појави некоја болка, таа мора да се прекине. Следниот ден, по првата изведба, температурата на телото може да се зголеми поради интензивирање на процесот на размена. Децата можат да ја изведат оваа асана по 6 години.

Техника на изведба

Седнете со превиткани нозе така што грбот ќе ги допре петиците. Ако имате проблем со колената, седнете на стол. Дланките ставете на колената, раширени прсти како ветар и напрегнете рацете во оваа поза. Раширете го вратот со притискање на брадата во градите. Широко отворете ги очите и погледнете нагоре. Вдишете, истовремено широко отворете уста и покажувајте го максимално јазикот како сакате да допрете со него градите. Потоа нагло издишете изрекувајќи Х-х-ха-а и напрегате го вратот и држете така во текот на 3-4 секунди. Рамената треба да бидат лабави без повреда.

При позата на лавот се добива лековит ефект не само кај болно грло, но и при проблеми со гласот на пејачите и оратори, како и при дефекти на говорот. Овој став го отстранува стресот и ги релаксира мускулите на лицето.

Слични содржини