Путин ќе биде самостоен кандидат, нема конкуренција, а одговара пред 1.600 новинари

од desk2
154 прегледи

Претседателот на Русија, Владимир Путин одговара на прашања на повече од 1.600 акредитирани новинари. Едно од прашањата беше зошто повторно се кандидира за претседател.

На големата годишна конференција за новинари рече дека „митот за лична власт во Русија се преувеличува“ затоа што се занемарува фактот дека и Владата извршува огромна работа.

Путин рече дека на претстојните претседателски избори ќе биде самостоен кандидат. Според неговите зборови тој очекува поддршка од партијата и јавните организации, без оглед што на избори ќе оди како самостоен кандидат.

Единствена Русија веќе соопшти дека ќе ја поддржи неговата кандидатура.

Додаде и дека за сега не одредил раководител на својата предизборна кампања, но рече дека има предизборна програма.

„Кога зборуваме за опозицијата, важно е, не само да се вика на плоштади, туку нешто и да се предложи“, изјави Путин.

Според него, власта би требало да се насочи кон зголемување на приходите на населението, развој на инфраструктурата и образованието. Путин вели дека во овој момент актуелната власт нема конкурент.

„Русија треба да гледа во иднината, политичкиот систем треба да биде подвижен, а економијата се гради врз база на висока технологија“, додаде Путин.

Конференцијата е во тек, а со оглед на тоа што се акредитирани 1.640 новинари, се очекува да трае во следните 3-4 часа.