Американската амбасада изрази загриженост поради загадување и побара идеи за почист воздух

од desk4
86 прегледи

Амбасадата на САД во Македонија преку нивниот „Твитер“ профил изразија загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје.

– Загадувањето на воздухот во Скопје беше толку големо што не можеше да се види ни амбасадата. Какви предлозиме имате вие за почист воздух во Македонија?, стои во објавата на Твитер.

Загадувањето во главниот град во последниве 24 часа е екстремно високо, а Скопје според загаденоста е на првото место во светот, пред Калкута во Индија и Дака во Бангладеш.

Вечерва во Центар беа измерени 454 микгрограми ПМ 10-честички на кубен метар, во Карпош бројката изнесуваше 563, Лисиче 455, Гази Баба 562 и кај Ректоратот беа измерени највисоки 638 микограми на кубен метар.