Околу илјада деца загинале во САД од огнено оружје за пет години

од Vladimir Zorba
81 прегледи

  Во САД 994 деца на возраст под 12 години загинале од огнено оружје, вклучувајќи ја и масовната престрелка на ученици во основното училиште „Санди Хук“ во Конектикат во 2012 година, соопшти телевизијата Ен-Би-Си.


Телевизијата прецизира дека тој број е добиен по анализа и обработка на податоци од многубројни извори, иако не располага со целосни информации за секоја жртва и за околностите околу смртта.

Во резултатите се вклучени и случаи каде што самоубиството е меѓу хипотезите на полицијата, како и повремени убиства на еден од друг.

Трагедијата во „Санди Хук“ се случи во декември 2012 година, кога 20-годишен маж застрела 20 деца на 6-7 годишна возраст и шестмина возрасни во основното училиште.