Изборната кампања за каталонските предвремени избори е потресена од убиството на маж кој носел облека во боите на шпанското знаме од десничарски приврзаник кој претходно бил во затвор за напад на полицаец.

Нападот доаѓа по тензиите откако Каталонија еднострано прогласи независност, а многу приврзаници на идејата за заедништво на Каталонија со Шпанија се мета на кампања на омраза од сецесионистите.
Виктор Лаињез, 55, почина во четврток четири дена по нападот во кој маж го удрил со метална прачка по главата во градот Сарагоса, главен град на регионот Арагон, кој се граничи со Каталонија.
Лаињез, кој носел прерамки со жолта и црвена боја, боите на шпанското знаме, се расправал со напаѓачот Родриго Ланца, и уште тројца други, вели полицискиот портпарол.
Според сведоците, Ланца и другите викале по Лаињез и го нарекувале фашист, поради неговите прерамки.
Кога Лаињез го напуштил барот, Ланца, 33, потрчал по него и од назад го удрил со метална прачка, по што тој паднал во бессознание.
Фаланга, крајно-десничарска партија која беше доминантна под диктаторот Франциско Франко, подоцна изјави дека Лаињез, кој е од Каталонија, бил нивни поддржувач.
Ланца ќе остане во притвор до судењето.