Засилени контроли на инспекциските служби за спречување на сите можности за загадување и горење на гуми и отпад, отворен кол центар на кој граѓаните пријавуваат отворени и опасни огнови, како и поставените прочистувачи за воздух во градинките, се дел од мерките кои ги презема новото раководство на општина Центар за поздрава животна средина и почист воздух.

Како што информираат од општината, во изминатите 50 дена од стапувањето на Саша Богдановиќ на функцијата градоначалник на Центар, спроведена е голема акција за чистење на општина Центар во соработка со Град Скопје. И годинава, општина Центар и ЈП ПОЦ ќе отворат Центар за згрижување на бездомниците. Се разгледуваат и варијантите за нови паркинг цени за стимулација на граѓаните да го користат повеќе јавниот превоз или да одат пеш.
Општина Центар оваа година нема да субвенционира дрва за бадникарските огнови поради загадувањето, а средствата ќе бидат пренаменети за нови зелени површини и подобрување на условите за живот на општината. Бидејќи начинот на греење е еден од можностите за загадување на воздухот, веќе е изработен проект и влезено е во годишниот план за работа, приклучување кон топлотната мрежа на Маџир Маало.