Намаз од лук, сирење и мајонез

од desk2
492 прегледи

Време е за новогодишни, нјачесто мајонез салати и намази. Еве еден вкусен рецепт.

Состојки:

200 гр сирење или урда

40 мл млеко

6 чешниња лук

Мајонез

Лукот најпрво се толчи. Во лукот се додава претходно изматеното сирење со млеко. Смесата треба добро да се измеша, а потоа лажица по лажица додавајте мајонез, а количината на мајонезот е во зависност од вашиот вкус. Се сервира како предјадење со тазе леб, а може да се користи и као сос за печено месо.