Шилегов ги повика граѓаните в понеделник да му дадат идеи против згадувањето

од desk2
84 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги повика сите граѓани во понеделник во 12 часот да дојдат во просториите на Град Скопје и да му предложат идеи за решавање на проблемот со загадувањето.

– Апелирам до секој граѓанин кој мисли дека има одржлива идеја за решавање на проблемот за загадување да дојде во просториите на Советот на Град Скопје во 12 часот, со мене и мојот кабинет да ги сподели тие идеи. Заедно да ги разгледаме, колку се тие применливи и колку можат да придонесат за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот – рече Шилегов.

Тој рече дека до сега имало само две пријави на телефонскиот број 193 кој вчера го отвори Град Скопје за пријавување диви погони, палење на гуми, пластика и други штетни материјали на отворено, како една од мерките за решавање на проблемот.

Првата пријава е за запален контејнер на кејот 13 Ноември, а втората во село Шишево за запалена столарска работилница.