Големо  е мнозинство  на партии кои се залагаат за независност на Каталонија, пренесе  АП, но …!

Тие ќе бидат најбројни , но  отцепувањето  и независноста ќе почекаат Ова ги покажува последните анкети пред регионалните избори на 21-ви декември.

 Според истражувањата сепаратистите ќе добијат меѓу 63 и 69 места во каталонскиот парламент, каде се потребни 68 места за апсолутно мнозинство. Партиите кои сакаат зачувување на интегритетот на Шпанија , ќе добијат меѓу 56 и 63 места, а изборната листа на левичарската партија “Каталонија заедно”, која ќе ја играат улогата на арбитер меѓу двата блока, ќе добие меѓу 8 и 11 пратенички места.
 Регионалниот парламент беше распуштен на 27 октомври од страна на владата во Мадрид откако гласаше за еднострано прогласување независност од Каталонија од Шпанија.