Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму ги осудија изјавите на господинот Талат Џафери и се спротиставија на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бида согласни за понуденото решение.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.