Фредрик Веслау: „Шпанија да го признае Косово ако сака да ја зачува Каталонија“

од desk2
83 прегледи

Директорот на Центарот за Западен Балкан, Русија, Турција и Источна Европа, Фредрик Веслау смета дека Шпанија треба да го признае Косово ако сака да ја зачува Каталонија.

 


Тој „луда доследност“ ја нарекува „логиката на Мадрид дека, ако го признае Косово, ќе престане да води конзистентна политика“.

Во интервјуто за Политика, на констатацијата на новинарката дека „Мадрид навистина ќе испадне лицемерен доколку се бори против сепаратизмот во Шпанија, а го поддржува на друго место“,Веслау одговори негативно.

„Нема, бидејќи Каталонија и Косово се два сосема различни случаи. Шпанија не успева да направи суштинска разлика помеѓу нив и покажува дека не е во состојба да ги разликува легитимните барања за самоуправа од сепаратизмот. Со ова ненамерно сигнализира дека и Каталонија може да има причина да бара независност“ рече Веслау.

Тој оцени дека „на Косово се водеше војна, а Приштина ја признаа околу сто држави, па немаше никаква смисла Мадрид упорно да ги турка Косово и Каталонија во ист кош, порачувајќи, а тоа и да не го знае дека и Барселона би можела да има право да се отцепи“.

„Затоа мислам дека рационална одлука за Шпанија би била да го признае Косово и на каталонските сепаратисти со тоа да им порача дека немаат право како косовските Албанци да бараат држава, дека ситуацијата во Каталонија е сосема различна и дека Мадрид го има секое право за таму и понатаму да владее“, рече Веслау.

Политика наведе дека Веслау е автор на текстот на Европскиот совет за надворешни односи, кој собира повеќе од 160 поранешни европски претседатели, премиери и министри и сегашни пратеници, бизнис лидери и јавни интелектуалци, а во кој се тврди дека со признавањето на Косово Шпанија ќе ја зајакне, а нема да ја ослаби својата позиција во зачувувањето на Каталонија.

Во овој текст, Веслау изнесува и тврдење дека за Србија е невозможно да го врати Косово, а на констатацијата на новинарката дека „владата во Белград тврди дека тоа не е така“, тој вели дека „во четири очи позади затворени врати, претставниците на српските власти покажуваат дека многу добро знаат дека Србија го изгубила Косово“.

На прашањето зошто тогаш зборуваат поинаку, тој смета дека ова е делумно поради тоа што не знаат како тоа да и го соопштат на јавноста.

Веслау, исто така, тврди дека српската влада нема илузија дека ќе го врати Косово, но сака да го „употреби за да добие што повеќе во преговорите“ со Европа.