Патентот на тројца македонски иноватори, др. Стефан Стефанов, др. Владо Спиридонов и Чало Чаловски, кој за 10 до 15 минути може целосно да ја растера маглата, веќе 18 години е заборавен низ фиоките на државата. Оваа приказна јавноста ја обиколи на почетокот на годината кога повеќе градови исто како и минативе неколку дена се гушевме во магла и смог, пишува Фактор.

Оваа иновација Министерството за економија ја прогласи во 2000 година за Патент на годината, а работата на тројцата македонски иноватори истата година освои златна медалка ЕУРЕКА во Брисел, за две години подоцна да добие и Гранд при во Будимпешта.
И покрај овие признанија, растерувачот на магла, кој повеќе пати успешно е тестиран, остана заборавен, иако Скопје и останатите градови, посебно во периодот кога настапи зимата, се гушат во магла и смог. Еден од иноваторите др. Стефан Стефановски, кој веќе 17 години е во пензија, вели дека добивката од оваа алатка за растерување магла би било и намалување на аерозагадувањето, а тоа значи почист воздух.
Нивниот изум е едноставен и не толку скап, а работи на принцип распрскување течен CO2 кој ја менува агрегатната состојба на маглата, односно ја кристализира и спушта на земја.
Оваа алатка може да се постави на возила и со неа да се третираат поголеми, да речеме градски површини, а може да работи и како стационарен уред.
… повеќе тука