Се трага по Душан Трајковски од Карпош, кој исчезнал пред неколку денови

од desk4
74 прегледи

На социјалните мрежи вечерва се појавија фотографии од Душан Трајковски од Карпош 1, кој исчезнал пред неколку денови.

– Исчезнат е Душан Трајковски од Карпош 1, излезен е со велосипед, последен пат е виден пред околу една недела. Човекот е витален, не е сенилен ниту дементен. Вообичаени релации на движење околина на Визбегово, Момин Поток, Бардовци, Буњаковец, Ѓорче Петров. За било каква информација јавете се на 070/220-268 Јордан или во најблиската полициска станица. Пријавено е – се наведува во апелот на социјалните мрежи.