ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира четири крстосници во Скопје

од desk2
86 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави блокади на четири фреквентни крстосници во главниот град.

Крстосницата кај „Мавровка“ ќе биде блокирана од 15 до 17 часот, крстосницата пред „Нова Македонија“ ќе биде блокирана од 15:30 до 17:30 часот, а во истиот период блокирани ќе бидат и крстосницата пред Црвениот Крст и крстосницата кај Соборна Црква.

Претходно, опозицијата најави дека во 18 часот ќе протестираат пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.

Опозицијата протестира по притворите за нејзини поранешни функционери, пратеници и симпатизери, осомничени за настаните во Собранието од 27-ми април.