Општина Струмица доби нова Пречистителна станица за третман на отпадни води, со што трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина. Инсталираните капацитети во Прочистителната станица која е сместена во селото Сачево, го опфаќаат градот Струмица и 12 населени места. Станица за отпадни води е финансирана преку ИПА фондовите. Изградбата на Пречистителната станица ја реализираше компанијата WTE членка на ЕВН Групацијата. WTE е водечка компанија за снабдување со вода и третман на отпадни води на пазарот во ЕУ.