Ќерката на Синди Крафорд во романса со Фентон Меркел

од desk4
84 прегледи

Моделот Kaја Гербер може да се пофали со успех на подиумот и со нови возбудувања во животот. Таа се среќава со 17-годишниот британски модел Фентон Меркел, син на британската актерка Патси Палмер, соопшти Контактмјузик.

16-годишната ќерка на супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер неодамна го почнала љубовниот роман со Фентон, чија мајка Патси се прослави со улогата во Сапунската опера “Ијстендрс”.
“Нивната врска е во многу рана фаза, но тие се заедно и изгледаат многу среќни”, изворот е цитиран од The Sun.

Патси Палмер ja напушти “Иjстендрс” во 2014 година и се пресели во Лос Анџелес, заедно со нејзиниот сопруг Ричард Меркел и нивните 4 деца. Таа се спријатели со Синди, а Фентoн и 16-годишната сестра Емилија склучија договори со агенцијата за модели “Драгoнфлаj”.

“Фентoн и Каја некое време беа пријатели i покрај блиските односи меѓу нивните мајки, но во последните неколку месеци нивното пријателство прерасна во нешто поголемо – појасни изворот. – Исто така е важно што и двајцата се обидуваат да се пробијат во истата индустрија.

Каја, исто така, се дружела со Емилија и заедно поминале многу време “.

Каја, која често е споредувана со мајка си, увери дека тие се различни личности, иако меѓу нив двете да има познати сличности.

“Има нешто во нашите манири, но всушност сме сосема различни”, рече таа