Бонева за патни трошоци го оштетила буџетот за 100.000 евра, таа не коментира

од desk2
119 прегледи

пецијалното јавно обвинителство покрена истрата под кодното име „Друмарина“ против Силвана Бонева, која како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, за патни трошоци за период од четири години наплатила од Собранието околу 100.000 евра.

Според истрагата, Бонева доставила сметки од патарини за 843 патувања со своето возило, на релација помеѓу местото на живеење во Струмица и Скопје.

Извршената анализа на СЈО покажува дека доколку прикажаните патувања биле реално направени, поминатата километража би изнесувала 235.928 километри. Од доказите пак е утврдено дека вкупната километража за наведениот период која ја направило возилото изнесува 133.520 километри.

Бонева во изјава за Фокус рекла дека нема да коментира.

– Нема да коментирам истраги на орган, кој по закон нема право да отвора истраги – одговори преку смс-порака Бонева.

На денешната прес- конференција СЈО специјалната обвинителка Фатиме Фетаи ја претстави новата истражна постапка под кодно име „Друмарина“.

-Осомничената, во периодот кога била пратеничка поднела лажни фискални сметки за направени 843 патувања oд местото на живеење до Скопје, за што прибавила корист од околу 5 милиони 973 илјади денари или околу 100.000 евра надомест за патни трошоци. По спроведената истрага востановено е дека километражата на приватното возило на осомничената не одговарта со приложената – рече Фетаи.