„Лидери“ – Од разговорот меѓу Груевски и Ахмети, СЈО отвори истрага за дивоградба

од desk2
137 прегледи

Инвеститор е под истрага на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поради сомнение за бесправно градење на локација спроти една странска амбасада во Скопје, соопшти обвинителката Фатиме Фетаи.

Индиција за оваа истрага, посочи таа, била една од јавно објавените бомби која се однесува на договарање меѓу двајца политички лидери за политиката на рушење на евентуално бесправно изградени објекти. Поради тоа, кодното име на овој предмет е „Лидери“.

Објектот за кој станува збор во случајот бил изграден без одобрение во периодот од ноември 2011 до февруари 2013 и е со површина од 1.000 квадратни метри.

Разговорот кој го спомена Фетаи, најверојатно е оној кој Зоран Заев го објави во средината на јуни 2015-та. Во таа „бомба“ можеше да се слушне како лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети договараат дали и како да се урне објект во Чаир изграден на „диво“. Според пишувањата на медиумите, од пред повеќе од две години кога беше објавен разговорот, двајцата лидери зборуваат за објект во Чаир што се наоѓа спроти амбасадата на САД.