Димитриевски: Се злоупотребува Законот за легализација на дивоградби

од desk4
88 прегледи

топ за дивоградбите во Куманово, најави денеска градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој информираше дека во Куманово има приближно 5.000 објекти кои ја пречекориле градбата. Напомена дека има угостители кои ја пречекориле градбата и дека се поставува урбана опрема и прозроци и врати, настрашници кои додаде даваат лош лик за градот. Истакна дека постоечката законска регулатива им нуди можност на граѓаните на Македонија да ги легализираат објектите. Законот за легализација, потенцира е пролонгиран.

– Во континуитет се злоупотребува Законот од страна на поедини инвеститори, градат нови објекти и влегуваат во нова постапка за да ги легализираат истите. На тој начин го оштетуваат  општинскиот буџет, бидејќи се плаќаат помали суми по однос на надокнада за легализација на дивоизграден објект, додека кога би одело организирано би требале да плаќаат согласно одредбите, полна цена за комуналии, изјави Димитриевски.

 Градоначалникот на Куманово потенцираше дека поголем број угостителски објекти не го почитуваат  правилникот за поставување урбана опрема на јавно-прометните површини. Нагласи дека комуналната инспекција треба да ги нотира овие отстапувања за угостителските објекти во и надвор од централното градско подрачје, да им издаде решение за остранување на непрописно поставената опрема, а доколку инвеститорите не ја остранат, тогаш инспекцијата треба да поведе постапка за уривање.

– Имам намера во следниот период да ги преконтролирам сите тие издадени решенија и да укажам на сите оние кои го прекршиле законот да постапат согласно законот, изјави Димитриевски.

Тој посочи пример за дивоизграден објект во централно градско подрачје и нагласи дека и тој и останатите ќе бидат отстранети.

– Првично инспекцијата е должна да постапи согласно законот, а подоцна и јас ќе преземам дејствија директно како надреден на инспекциските служби, рече Димитриевски