Демократската партија на Албанците ќе предложи Закон за официјализирање на албанскиот јазик. Пратеничката од оваа партија Мерал Узеири на Парламентарната комисија за политички систем, соопшти дека ДПА ,Предлог – законот за употреба на јазиците, кој е во собраниска постапка, го смета како недоволен .
Според оваа опозициска партија, нивниот предлог ќе го официјализира албанскиот јазик на републичко ниво, упатувајќи остри критики кон парламентарното мнозинство бидејќи според нив, унапредувањето не значи официјализирање.
ДПА го изгласа првото читање на Предлог – законот за употреба на јазиците, а на второто читање не предложи амандмани за истиот.