„Пратеникот си ја врши работата за што е избран. Неговото место е во Парламентот. Присуството во Собрание не значи дека сум ја напуштил коалицијата „За подобра Македонија“, напиша на Фејсбук пратеникот Панчо Минов, кој е член на ГРОМ, која пак е дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Минов вчера учествуваше во работата на собраниска комисија за политички систем. Претходно, на пленарна седница беше забележан и Амди Бајрам, кој исто така е пратеник од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.