Возачот што со возило удри во пешаци во центарот на Мелбурн, е австралиски државјанин со авганистанско потекло и има историја на користење дроги и проблеми со менталното здравје, соопштија локалните власти.

На конференција за новинари рекоа дека возачот на возраст од 32 години ќе остане во притвор. Локалните власти наведуваат дека за сега нема докази или какви и да се податоци кои може да упатуваат на поврзаност на инцидентот со тероризам, што го потврди и полицијата.
На местото на кое се случи инцидентот уапсен е уште еден маж на возраст од 24 години кој е виден со мобилен телефон како го снима инцидентот.
Кај него се најдени три ножа и сè уште трае неговиот распит, иако се смета дека не е поврзан со инцидентот, пренесе RT.
Медиумите порано пренесоа дека во инцидентот се повредени вкупно 19 лица, од кои 15 се во стабилна состојба, а четворица во критична.