Медиумите преку океанот: Дали Ким Кардашиан и Кание се пред развод?!

од desk4
113 прегледи

Додека Ким и Кание го очекуваат раѓањето на своето трето дете, кое мора да заплаче во јануари следната година, медиумите преку океанот продолжуваат да тврдат дека постои сериозна криза во нивниот брачен однос. Дури стигнуваат подалеку – Кардашиан била подготвена да го напушти мажот и требало да поднесе барање за развод по раѓањето на нивната ќерка.

„На Ким и е многу тешко со Кание, особено по неговиот психички пад во ноември 2016 година, кога влезе во психијатриска болница. Неговото расположение се менува постојано и Ким се потешко го поднесува сето тоа , велат анонимни извори.

Освен тоа, Кардашиан се грижи за двете нејзини деца, Норт и Сент, а исто така е загрижена и за претстојното бебе, за кое Кание воопшто не и помага.

Се разбира, љубителите на двојката се уверени дека сето ова е уште една гласина, особено бидејќи двојката досега ја „разведуваа“ многу пати.