140
Шпанскиот суд се согласил да го разгледа барањето за признавање на татковство против Хулио Иглесијас, кое го поднел 41-годишниот Шпанец Хавиер Санчез Сантос, со тврдење дека располага со ДНК докази.
Хавиер тврдел дека е син на Хулио Иглесијас и португалската танчарка Марија Едит и дека има примероци од ДНК кои со 99-отстотна веројатност докажуваат дека пејачот е негов биолошки татко. Доказите од марамчиња и отпушоци ги собирал детектив.
Марија Едит веќе поднела барање во 1992 година, но тоа било одбиено од процедурални причини. Таа тврдела дека имала кратка афера со Хулио во 1975 година.