(ВИДЕО) Новковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се распаѓа и по избирањето претседател

од desk2
106 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ не демонстрира подготвеност за реформа и демократизација на партијата, се додека со неа раководат луѓе кои се соочуваат со обвиненија за криминали.

Иднината и судбината на ВМРО-ДПМНЕ е во членството а не во криминализираните делегати, рече во вечерашното издание на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, професорот Ненад Новковски, долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ. Професорот Љупчо Ристовски посочи дека без сериозен системски ресет кој би го направил, експертски тим кој би го реформирал системот кој генерира султански партии и ниско ниво на политичка култура.

Новковски оценува дека и по вонредниот конгрес ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се разградува независно дали ќе се избере или не нов претседател. Можеби вели Новковски ќе произлезе нов политички субјект или субјекти кои би се дистанцирале од досегашното и такво делување на партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

И Ристовски е на мислење дека ВМРО ДПМНЕ утре ќе излезе со нов претседател, но дека тоа нема да и помогне на партијата да се реформира и да покаже едно сосема ново лице односно нов концепт и делување. Коментирајќи ја новонастанатата политичка сцена со опозиција која го бојкотира Собранието, и Новковски и Ристовски сметаат дека и на Меѓународната заедница не и се дава доволно ветар во грбот за менаџирање на процесите поврзани со нашето евроатлантско интегрирање.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/1775690449137567/