Земјотрес во Скопје

од desk2
352 прегледи

Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во Скопје и околината.


Земјотресот е регистриран во 19 часот и 34 минути на 12 километри југоисточно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија на РМ соопшти дека епицентарот е седум километри западно од централното подрачје на градот Скопје.

Земјотресот во западниот дел од градот е почувствуван со интензитет од три – четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван и на границата со Србија и Косово.