Антонио Милошоски во изјава за ТВ 21, порача дека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово е контроверзен, а изборот за нов лидер на партијата е мошне чуден, бидејќи имало само еден кандидат, фаворит на Груевски.
-Информации има дека околу 30 незаокружени неважечки ливчиња се дополнително заокружени при броењето и дададено во бројката „ЗА“. Конфузно е што вчера кажаа 411 регистрирани делегати, а денеска 438 регистрирани делегати, иако регистрацјата е само еден ден. Наместо Мицкоски, програмата и чекорите на новиот претседател ја кажа Груевски во својот говор. Се на се, Конгрес без целосен легитимитет е еднакво на претседател со хендикеп“, изјави Милошоски за ТВ21.
Милошоски денеска не присуствуваше на конгресот во Валандово, каде што за нов лидер на партијата беше избран Христијан Мицковски.