Кец на десетка

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Орденот „ВМРО на неделата“ овој пат оди кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. За организација на настанот „Отварање на полициска станица во скопската општина Ѓорче Петров“. Изгледа дека сдсмовците биле толку одушевени од Никола Груевски, што успешно ги копираат неговите најпопулистички потези. Ние мислевме дека тие 11 години биле пасивна опозиција. А тие уредно бележеле што најмногу ќе пали кај народот кога ќе дојдат на власт.

Па се набија еден до друг министерот Спасовски и градоначалниците на Скопје и на Ѓорче Петров Петре Шилегов и Александар Наумовски заедно да сечат лента. Зад нив задолжително – поп. Оти сме секуларна држава со социјалдемократска влада. А до попот, заменикот министер на МВР Агим Нухиу. Оти оџа немаше. ДУИ се докажано либерални.

Додуша, поштедливи се од вмровците. Заштедија на хостеси. Ги нашле најубавите полицајки да ја држат лентата оптегната. За да имаат министерот и градоначалниците што да сечат. Па така, добивме три во едно – поп, дама и џандар. А кецот на десетка го направија градоначалниците Шилегов и Александар Наумовски.

Ова е уште една епизода од серијата „Македонија – Пародирај ако можеш“.

Целата колумна на СДК на следниот линк.