СДСМ: Денеска од слобода гледаме на црниот понеделник

од desk2
81 прегледи

„Денешниот датум, 24 декември, останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија и сведочи за бруталноста на сега веќе поразениот режим на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари и пратеници.

Таквите долгогодишни политики на сеење страв и омраза од страна на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кулминираа со упад и насилство во Собранието на 27 април годинава.

Граѓаните ги препознаа деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа го казнија нивното насилничко однесување, избраа промени, заедништво, нови одговорни власти кои работат во интерес на Македонија и нејзините граѓани.

Преку политиките на заедништво, соработка, добрососедство и инклузивност повторно се градат врвните демократски вредности.

Принципот на едно општество, меѓусебното почитување и соработка се гаранција дека таквите денови се дел од темното минато и не смеат веќе никогаш да се повторат“ се вели во соопштението на СДСМ.