Австриско истражување од 2017 година спроведено на Медицинскиот универзитет на Виена, ја демонстрира не само ефикасноста на окситоциновите терапии, но и нивни неочекувани, но позитивни ефекти.

Окситоцин терапиите се релативно модерни форми на третман на проблематично намалено женско либидо. Со земањето на точно определени дози од “хормонот на зближување” се цели зголемување на сексуалната желба кај претставниците на понежниот пол кои страдаат од хипоактивно сексуално растројство.
Истражувањето објавено во Журнал Fertility and Sterility (2017 година, број 107) обезбедува податоци, според кои и жените третирани со окситоцин и оние на кои било дадено плацебо забележани се слични подобрувања во статусот, поврзани со намалувањето на депресивните состојби и зголемување на сексуална желба.
Научниците се чуделе кога решиле да проверат како се одразуваат ефектите од терапијата врз партнерите на жените со подобрувањето. Научниците утврдиле дека мажите на овие жени исто забележале подобрувања во графата “задоволство од животот”, “сексуално задоволство” и некои други параметри.
Најмногу импресивно било дека дури кај мажите со пријавени проблеми со ерекцијата или дијагностицирана еректилна дисфункција исто така биле забележани подобрувања – како кај партнерите на жените кои примаат окситоцин, така и кај партнерите на жените кои добивале плацебо.
Според научниците, тоа е јасен знак дека самата терапија и манифестира желба за подобрување на интимните односи кои водат до подобрувања во комуникацијата помеѓу мажот и жената.
Стекнување на вештини и самодоверба слободно да дискутираатза сексуалноста пред специјалист или еден со друг е огромен фактор во сексуалните терапии и нивната ефикасност за интимните партнери. Не само лековите можат да помогнат, подобрувањето на комуникацијата помеѓу партнерите исто така може да се елиминира голем дел од стресот и напнатоста поврзани со половите дисфункции кај мажите така и кај жените, констатираат научниците.