88
Повеќе од 650.000 лица се евакуирани во Виетнам поради приближување на тајфунот Тембин. Се очекува во текот на ноќта стихијата да достигне до областа во близина на реката Меконг во јужниот дел на земјата.
Властите наредија да се евакуираат вкупно 1,2 милиони луѓе.
Тембин помина крај Филипините каде што загинаа околу 200 луѓе, а беше причината значителна материјална штета. Бурата се приближува кон Виетнам со ветрови од речиси 100 километри на час.
Станува збор за 16-та тропска бура која годинава го зафати Виетнам. Од почетокот на годината 390 лица загинаа или исчезнаа во тајфуни во Виетнам, а повеќе од 650 беа повредени.
Штетите од бурите се проценуваат на 52 трилиони донги (2,3 милијарди долари).