Викендов 27 сообраќајки во Скопје, еден загинат

од Vladimir Zorba
85 прегледи

   Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во шест незгоди потешко биле повредени две лица, а во 15 со полесни повреди се здобиле 21 лице. Девет сообраќајки биле со материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло и тројца возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени 14 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 15 возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани биле и 16 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 200 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 181 возило.