Додека рочиштата за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се процесуираат експресно, рочиштата за Заев се одлагаат и за повеќе од еден месец, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по денешното одложување на случајот „Поткуп“, во кој премерот Зоран Заев е обвинет за поткуп за градежно земјиште.

„Изговорите на Заев за неприсуствување на судски рочишта се потрошија, па сега на изговори го принудува судот“, се вели во соопштението.
Според нив судиите се принудени да одлучуваат спротивно на законот. Судот е принуден да одлага рочишта за криминалот на Заев кој е видлив за целата македонска јавност. Од друга страна под истата принуда ги извршува барањата за притвор на ОЈО произлезени од монтираниот случај за лицата од настаните од 27 април.