Градоначалникот на Неготино најави неколку проекти

од desk4
72 прегледи

Градоначалникот на Неготино Тони Делков најави неколку проекти за следната година. За подобрување на уличното осветлување со смена на 1.400 улични свтилки, промена на прозорци во гимназијата и општинската зграда, уредување на колекторот, како и други инвестиции во градот и населените места.

– Дадовме согласност и за проектот за уредување на делот на колекторот од селото Тимјаник спрема Неготино, кој ќе значи ново поуредено место во делот на колекторскиот систем и ќе ја намали непријатната миризба од отпадните води кои доаѓаат во центарот на градот, информираше градоначалникот.