(ВИДЕО) Откажување на сопирачките причина за денешниот инцидент во Москва

од desk4
84 прегледи


Откажувањето на сопирачките на автобусот е причината за денешниот инцидент кој што се случи во Москва кога автобус влета во подземен пешачки премин при што загинаа најмалку 5 лица, а 11 се повредени.

– Според изјавите на возачот, автобусот стоел на постојка, кога одеднаш почнал да се движи. Притоа и покрај неговите обиди да го запре возилото, системот за сопирање не функционирал и автобусот продолжил да се движи, се наведува во соопштението на Истражниот комитет.

Инцидентот се случил во близина на метро станица во западниот дел на Мосвка, по што возачот беше притворен, а полицијата не ја исклучи можноста од терористички напад.