МТСП: Претседателот Иванов покажува елементарно непознавање на Истанбулската конвенција

од desk4
109 прегледи

„Во своето денешно обраќање во Собранието на Република Македонија, претседателот Иванов изјави дека постојат одредени ризици со ратификација на Истанбулската конвенција.

Иванов е очигледно неинформиран дека Истанбулската конвенција во основа се бори против дискриминацијата и дека со ратификација на Конвенцијата, Владата се обврзува да го подобрува системот на превенција, помош, заштита и процесирање на случаите на насилство врз жените, вклучително и семејното насилство, без дискриминација врз кој било основ: пол, род, раса, боја, јазик, вера, политичко или друго мислење“ се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.