Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајки вчера во Скопје

од Vladimir Zorba
107 прегледи

   Едно лице загинало во една од вкупно девет сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки биле потешко повредени две лица, а три лица биле полесно повредени во една сообраќајка. Во пет била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала неколку прекршоци. Петнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач поминал на крстосница на црвено светло. Од сообраќај биле исклучени девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, како и седум  возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 107 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила.