Деветнаесетгодишен возач загина во сообраќајка на патот Илинден – Миладиновци

од desk2
106 прегледи

Деветнаесетгодишник од скопско Миладиновци утрово загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат од населбата Илинден кон Миладиновци, соопшти МВР.

Несреќата била пријавена во 06.45 часот. Патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.З.(19) излетало од коловозот и се превртело. Од добиените повреди возачот починал на местото на несреќата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Известен е јавен обвинител и во моментов се врши увид.  Се работи на целосно расчистување на случајот.