Пронајдени сестрите од Тетовско што беа исчезнати два месеца

од desk2
83 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека двете сестри од Тетовско што беа исчезнати два месеци се пронајдени.

„Г.Е(24) и нејзината 16-годишна сестра кои на 22 декември во Полициска станица Тетово беа пријавени за исчезнати, вчера од страна на полициски службеници се пронајдени во Гостивар“, соопшти МВР.

Од таму на наведуваат подетални информации во врска со исчезнатите сестри. Нивниот татко Џ.С.(61) од село Селце на 22 пријавил дека ќерките два месеци не се вратиле дома.