Ќе се заострат критериумите за отворање обложувалници и казина

од desk2
99 прегледи

Пратеникот на Алијансата за Албанците Сyрија Рашиди го праша министерот за финансии Драган Тевдовски што преземаат во врска со никнувањето како печурки на казина, автомати и кладилници, без никакви критериуми, на денешната седница за пратенички прашања.

„Дали ги контролирате кладилниците и објектите за игри на среќа. Се отвораат без никакви критериуми. Влијаат лошо врз децата и врз сиромашните. Парите кои им се даваат за школо ги даваат во кладилници, дали ќе преземете нешто“, праша Рашиди.

Министерот Тевдовски рече дека владата наскоро ќе ги објави измените на законот за игри на среќа, со кој ќе се заострат критериумите за отворање на објекти за игри на среќа.

„Досега се даваше една лиценца за организирање на игри на среќа и врз основа на таа лиценца се отвараа повеќе објекти. Со измените, кои ќе се објават и ќе бидат на јавна расправа, се заоструваат критериумите за добивање лиценца. Со измените ќе мора секој објект да има лиценца која ќе се издава со заострени критериуми“, одговори министерот Тевдовски./SDK