Џејн Фонда на 80 години: Силување, дрога, булимија, три брака …

од desk4
148 прегледи

Актерката Џејн Фонда, која минатата недела го прослави својот 80-ти роденден рече дека не очекувала да ја доживее нуту својата 30-годишна возраст, објави Ројтерс.

“Претпоставував дека нема да живеам долго и ќе умрам осамено и ќе бидам зависник од нешто. Не мислев дека ако навистина живеам толку долго ќе бидам енергична и здрава, и ќе работам уште. Благодарен сум “, рече таа во интервју за „People“.

Мајката на актерката извршила самоубиство кога имала само 12 години, а нејзиниот татко, актерот Хенри Фонда, повторно се оженил истата година. Џејн Фонда рече дека страдала од булимија, земала е халуциногени дроги и како дете била силувана.

Актерката својата прва награда “Оскар” ја освои во 1972 година на 35 години за филмот “Клут”, а вториот го освои во 1978 година за улогата во драмата “Враќање дома”. Таа стана активист во антивоеното движење и заштита на женските права.

Таа постигна огромен успех со видео касетите од нејзнините тренинзи во 1980-тите, а се мажеше три пати. Џејн Фонда е номинирана за најдобра актерка во комедијата во “Грејс и Френки” од страна на еснафот на филмските актери на САД, која ќе ги објави имињата на наградените во јануари.

Ѕвездата наполни 80 години на 21 декември. “Благодарна сум што станав подобра за овие 80 години. Помалку луѓе судат. Јас простувам. Се обидов да станам подобра личност “, рече таа.