Експлозија во клуб, двајца фрлале бомби, настанало стампедо

од desk2
69 прегледи

Две лица фрлале рачни бомби во ноќен клуб на северот на Колумбија, при што повредени се 31 лице, од кои 11 потешко, јавија локалните медиуми.

Како што се наведува, неколку лица се ранети во експлозијата, а другите се повредени во стампедото што почнало кога луѓето се разбегале, по експлозијата.

Експлозијата се случила околу полноќ по локално време во ноќниот клуб „Бора Бора“.

Началникот на округот Кауказија, каде се случи инцидентот, Оскар Анибал Суарез, наведува дека напаѓачите се маж и жена.

Наводно се уапсени.

Полицијата верува дека за нападот се одговорни членови на „Заливскиот клан“, кој се смета за главна криминална група во земјата.

Според една верзија, нападот бил „порака“ за сопственикот на дискотеката кој наводно не сакал да плати „рекет“.