Времето во земјава за време на викендот и на новогодишната ноќ ќе биде стабилно и суво. Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Утре минималната температура ќе се движи од минус пет до три степени. Во Скопје ќе биде минус еден. Максималната ќе се движи од нула до девет степени.
Во недела утринската ќе се спушти до минус седум, а максималната ќе се движи помеѓу пет и 11 степени.
Во понеделник, на првиот ден од новата година, утринската ќе биде од минус пет до еден степен, а дневната од шест до 13 степени.